Македонската амбасада во Тирана ги повика нашинците да аплицираат со проекти на јавниот повик на МНРиНТ
- Македонската амбасада во Тирана ги информира нашинците во Албанија дека е објавен јавниот повик за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората за 2026 година.
Дебар, 9 април 2026 (МИА) - Македонската амбасада во Тирана ги информира нашинците во Албанија дека е објавен јавниот повик за доставување проектни апликации наменети за правни и физички лица од редовите на дијаспората за 2026 година.
-Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани организации, здруженија и поединци од редовите на дијаспората, да достават проектни апликации со идеи и иницијативи од нивен интерес, насочени кон унапредување на врските со матичната држава и поддршка на активностите на дијаспората, стои во објавата на Амбасадата.
Се додава дека рокот за поднесување на апликациите е 15 дена од денот на објавувањето на конкурсот на веб страната на МНРиНТ, и се нагласува дека предлог - проектите пристигнати по овој датум нема да се бидат разгледани.
-Проектите во скенирана форма се доставуваат до Министерството за надворешни работи преку електронската пошта на Дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) на Република Северна Македонија во странство, од Република Албанија на: tirana@mfa.gov.mk и паралелно, на e-mail: dijaspora@mfa.gov.mk, се наведува во објавата.
Доколку апликантот не е во можност да го достави проектот во скенирана форма, истиот може да го испрати по пошта до надлежното ДКП. вт/вј/
Фото: Амбасада