Без вода делови од Батинци и Шуто Оризари
- Без вода денеска од 9:30 часот се дел од жителите од скопското село Батинци, општина Студеничани.

Скопје, 20 март 2025 (МИА) - Без вода денеска од 9:30 часот се дел од жителите од скопското село Батинци, општина Студеничани.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен водоводен дефект од ф-100 милиметри на улица „2“ број 13 во село Батинци.
Без вода денеска од 9:20 часот се дел од корисниците лоцирани на улица „Индира Ганди“ во општина Шуто Оризари. Прекинот е поради уличен водоводен дефект на улица „Индира Ганди“ бр.31.
Водоснабдувањето на двете локации ќе биде прекинато до санирање на дефектите. мд/сст/
Фото: МИА архива