• среда, 02 октомври 2024

Батлер: Морам да докажам дека можам да играм голема улога во победнички тим

Батлер: Морам да докажам дека можам да играм голема улога во победнички тим

Мајами, 1 октомври 2024 (МИА) – Кошаркарот на Мајами, Џими Батлер проговори за неговото расположение во пресрет на новата сезона во НБА-лигата.

За време на претсезсонските подготовки не успеа да постигне договор со Мајами за продолжување на договорот следното лето, патој би можел да стане слободен агент доколку ја искористи соодветната опција.

- Морам да докажам дека можам да играм важна улога во победнички тим и тоа е доволно фер. Го правев ова и порано, оваа сезона што доаѓа не се разликува. Не очекува нова сезона. Кога ќе дојде време, договорот ќе се реши само по себе, изјави 35-годишниот кошаркар.

Мајами новата сезона ќе ја почне на 23 октомври против Орландо меџик. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан