• сабота, 23 ноември 2024

Стеф Кари ја поддржа Харис за претседател на САД

Стеф Кари ја поддржа Харис за претседател на САД


Сан Франциско, 1 октомври 2024 (МИА) – Еден од најдобрите НБА кошаркари Стеф Кари ја повтори својата поддршка за демократскиот кандидат за претседателските избори во Белата куќа, Камала Харис.
Кошаркарот на Голден Стејт рече дека Харис може да донесе „надеж, инспирација и единство“ во САД.
Кари, кој веќе застана на страната на Камала Харис за време на Олимписките игри во Париз, ја повтори својата поддршка на прес-конференција на помалку од еден месец пред почетокот на сезоната во НБА лигата.
„Очигледно ја поддржувам. Таа е интелигентен лидер на кој може да му се довери да ја води нашата земја. Таа ни носи надеж, инспирација и единство“, изјави Кари. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан