• сабота, 23 ноември 2024

Нилс Шмадке нов главен скаут на Баерн

Нилс Шмадке нов главен скаут на Баерн


Минхен, 1 октомври 2024 (МИА) – Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен назначи нов главен скаут во 35-годишниот Нилс Шмадке.
„Среќни сме што успеавме да го донесеме Нилс Шмадке во Баерн. Нилс веќе има големо искуство во професионалниот фудбал и има големо искуство во скаутинг. Сакаме да ги идентификуваме потенцијалните играчи за Баерн што е можно порано и Нилс ќе игра важна улога“, соопшти денеска Баерн.
Шмадке доаѓа во баварскиот клуб на местото на Маркус Пилава.
„Би сакале да му се заблагодариме на Маркус Пилава за двегодишната плодна соработка. Му посакуваме сè уште најдобро и успех во неговите идни напори“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан