По Тојота и Панасоник, соработката со ИОК ја прекинува и Бриџстоун
- Јапонскиот производител на гуми Бриџстоун објави дека нема да го обнови партнерството со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за Олимписките и Параолимписките игри.

Токио, 1 октомври 2024 (МИА) – Јапонскиот производител на гуми Бриџстоун објави дека нема да го обнови партнерството со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за Олимписките и Параолимписките игри.
Договорот за спонзорство истекува на крајот на оваа година.
Бриџстоун го следеше чекорот на јапонските компании Тојота и Панасоник, кои, исто така, го повлекоа своето спонзорство.
Бриџстоун е партнер на Олимписките игри од 2014 година. ег
ФОТО: Фејсбук