• недела, 09 март 2025

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ

Балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди во НОБ

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - На сцената на Националната опера и балет вечер ќе се изведе балетската претстава „Дамата со камелии“. Претставата е работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.

Како што најавија од НОБ, претставата ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Ерменија, Едуард Амбарцумјан, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург, раскошната сценографија и костимографија се на Павол Јураш од Словачка, концерт-мајстор е Верица Ламбевска.

Во главните улоги на Маргарита и Арманд ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска, Франциско Хименес Руиз (Шпанија) заедно солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

- Не е првпат тажната приказна во „Дамата со камелии“ да ги инспирира кореографите. Заедно со костимографот и сценограф, Павол Јураш, сакав претставата да ја направиме класична, традиционална, но и наша оригинална, различна од другите, изјави кореографот Василиј Медведев.бт/лв/

Фото: НОБ

Остани поврзан