Баерн го загуби Коман за реваншот со Арсенал
- Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман сигурно ќе пропушти претстојниот реванш со Арсенал во Лигата на шампионите.
Минхен, 14 април 2024 (МИА) – Крилниот напаѓач на Баерн Минхен, Кингсли Коман сигурно ќе пропушти претстојниот реванш со Арсенал во Лигата на шампионите.
Французинот се повреди на натпреварот против Келн (2:0) во Бундеслигата и мораше да биде принуден да го напушти теренот на почетокот на вториот дел.
Се претпоставува дека 27-годишниот има повреда на бутен мускул на десната нога и може да биде надвор од терените подолг временски период. Во оваа фаза не е јасно колку време ќе треба да заздрави, но според информациите од Баерн ќе пропушти барем неколку недели, што за него може да значи и крај на сезоната.
- Кингсли Коман ќе биде надвор од терените неколку недели откако се здоби со повреда на десниот адуктор за време на домашниот натпревар од Бундеслигата против Келн во саботата, објави клубот.
Баерн в среда ќе го пречека Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите (2:2 прв натпревар). зс/
Фото: ЕПА