• сабота, 22 февруари 2025

АУ предупреди на опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници

АУ предупреди на опасност од проширување на епидемијата на мајмунски сипаници

Киншаса, 21 февруари 2025 (МИА) – Одделот за здравство на Африканска Унија (АУ) предупреди на ризикот од ширење на епидемијата на мајмунски сипаници во Демократска Република Конго, бидејќи конфликтот во источниот дел од земјата ги принудува заразените пациенти да бегаат.

АУ наведува дека повеќе од 400 пациенти избегале од центрите за третман на мајмунски сипаници во Јужен Киву и оти не се знае каде се тие луѓе.

Источната провинција Јужен Киву се смета за едно од жариштата на епидемијата на мајмунски сипаници во ДР Конго. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан