• вторник, 25 март 2025

АМСМ: Голем одрон затрупа коловозна лента на патот Маврови Анови - Дебар

АМСМ: Голем одрон затрупа коловозна лента  на патот Маврови Анови - Дебар

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Од поголем одрон е затрупана едната лента од коловозот на патниот правец Маврови Анови - Дебар, во должина од 20 до 30 метри, и по неа сообраќајот не се одвива.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека се до расчистување на одронот сообраќајот се одвива наизменично по другата коловозна лента. 

Во пладневниот извештај, АМСМ информираше дека сообраќајот на државните патишта се одвивa по влажни коловози.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан