• вторник, 20 август 2024

Тебуне: Алжир никогаш нема да ги остави палестинските територии „на цедило, армијата е подготвена да дејствува штом се отвори границата меѓу Газа и Египет

Тебуне: Алжир никогаш нема да ги остави палестинските територии „на цедило, армијата е подготвена да дејствува штом се отвори границата меѓу Газа и Египет

Aлжир, 19 август 2024 (МИА) - Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебуне во врска со ситуацијата во Газа изјави дека алжирската армија е подготвена да дејствува веднаш штом се отвори границата меѓу Газа и Египет.

Тебуне нагласи дека Алжир никогаш нема да ги остави палестинските територии „на цедило“.

- Никогаш нема да ја напуштиме Палестина, особено Газа. Се колнам во Бога, ако ни дозволат и ги отворат границите меѓу Египет и Газа, тогаш можеме нешто да направиме, истакна Тебуне.

Тој рече и дека дал ветување кога е во прашање обновата на Газа.

- Дадов ветување и армијата е подготвена штом се отворат границите и им се дозволи влез на нашите камиони. Во рок од 20 дена ќе изградиме три болници, ќе испратиме стотици лекари и ќе помогнеме во обновата на она што го уништија ционистите рече алжирскиот претседател.

Тој, исто така, неколку пати ја изрази својата целосна поддршка за палестинскиот отпор, а оваа изјава особено ги вознемири израелските власти, кои порачаа дека испраќањето војска, дури и за хуманитарни цели, ќе доведе до дополнителна ескалација. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан