Штипскиот градоначалник оствари средба со Мартин Шродер, заменик-раководител на Политичкиот и информативниот сектор при делегацијата на ЕУ
- Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска оствари средба со Мартин Шродер, заменик-раководител на Политичкиот и информативниот сектор при делегацијата на Европската унија.
Штип, 10 декември 2025 (МИА) – Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов денеска оствари средба со Мартин Шродер, заменик-раководител на Политичкиот и информативниот сектор при делегацијата на Европската унија.
Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов на социјалните мрежи напиша дека за време на средбата разговарале на важни теми од заеднички интерес, особено оние што имаат потенцијал да дадат директен позитивен придонес за локалните заедници и се клучни во контекст на европскиот интегративен процес.
- Разговаравме за идните можности за соработка, при што посебен акцент беше ставен на потребата од зајакнување на институционалната транспарентност, намалување на корупцијата и забрзување на дигитализацијата на јавните услуги, што е од суштинско значење за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните, напиша Јорданов.
Тој посочува дека на средбата била изразена заедничка волја за продолжување и продлабочување на партнерството со Европската унија.
-Уверен сум дека во наредниот период со уште поголема динамика ќе ги користиме позитивните европски практики и ќе работиме на нивна целосна имплементација, вели Јорданов. вдј/
Фото: Општина Штип