• петок, 05 декември 2025

Шкендија последен четвртфиналист во Купот на Македонија

Шкендија последен четвртфиналист во Купот на Македонија

 

Тетово, 19 ноември 2025 (МИА) – Фудбалерите на Шкендија се последните четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако попладнево на домашен терен во Тетово триумфираа над Тиквеш со 2-0.

Стрелци на головите во завршниот осминафинален куп натпревар ги постигнаа Алхасан во 43 минута и Мазари во судиското продолжение.

Пласман во четвртфиналето во Купот на Македонија претходно обезбедија бранителот на трофејот Вардар, Струга, Работнички, Охрид, Шкендија Арачиново и Детонит.

Четвртфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепка, а натпреварите ќе се играат напролет.ег

ФОТО: ФФМ

Остани поврзан