Македонските фудбалери ќе продолжат во нова опрема
- Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на социјалните мрежи најави новина во репрезентацијата
Скопје, 4.декември 2025 (МИА) – Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на социјалните мрежи најави новина во репрезентацијата. Соработката на ФФМ со спортската опрема „Јако“ истече и според најавата фудбалерите во иднина ќе носат дресови на светски познатата компанија – Адидас.
На календарот на ФФМ е прикажан „патот“ од самиот почетокот на дресот од 1993 година до последниот редизајн. Наскоро и новата опрема ќе биде присутна. „Горди на традицијата, подготвени за нов почеток“.
Македонските фудбалери во новата опрема за првпат ќе се појават во месец март кога е закажан бараж дуелот со Данска за Светското првенство. Мн/
Фото: ФФМ