• вторник, 14 април 2026

Барселона сака да го продаде Торес

Барселона сака да го продаде Торес

Барселона, 25 март 2026 (МИА) – Раководството на Барселона сака да го продаде напаѓачот Феран Торес во летниот преоден рок, објави „ЕСПН“. Тековниот договор на фудбалерот истекува во 2027 година.

Дваесет и шестгодишниот Торес се приклучи на Барселона од Манчестер сити во 2022 година. Тој одигра 198 натпревари за Каталонците, постигна 60 гола и имаше 21 асистенција.

„Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 50 милиони евра.

Каталонскиот клуб, исто така, сака да го задржи Роберт Левандовски, да го потпише Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид и да го добие Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед.

Барселона по 29 кола е лидер на табелата во шпанската Ла Лига со 73 бода, четири повеќе од Реал Мадрид. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан