• вторник, 14 април 2026

Извлечени двојките за Ф4 во ракометниот национален куп

Извлечени двојките за Ф4 во ракометниот национален куп

Скопје, 25 мај 2026 (МИА) – Во Ракометната Федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за завршницата од Купот на Македонија што ќе се одржи од 17 до 19 април во салата „Младост“ во Струмица.

На фајналфор турнирот ќе учествуваат четирите првопласирани од Супер лигата, а бранител на трофејот е Вардар.

Во полуфиналето ќе играат: 

ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер (17 април почеток 17 часот)

Алкалоид – Вардар (17 април почеток 20 часот). зс/

Фото: РФМ 

Остани поврзан