• петок, 05 декември 2025

Германија прв четвртфиналист на Светското првенство за ракометарки

Германија прв четвртфиналист на Светското првенство за ракометарки

Дортмунд, 4.декември 2025 (МИА) – Ко-домаќинот на ракометниот Мундијал во женска конкуренција Германија оствари една од најубедливите победи досега во главната фаза на шампионатот откако ја совладаа Црна Гора со 36:18. Со овој триумф германската репрезентација е првата која обезбеди четвртфинале. Германија имаше одличен почеток на натпреварот и водство од 9:0 со кое покажа дека планира да стигне до нова победа.

Резултати група 2 (4.коло): Србија – Фарски острови 31:31, Германија – Црна Гора 36:18. Шпанија – Исланд играат вечерва.

Резултати група 3 (3.коло): Аргентина – Полска 25:28, Франција – Австрија 29:17. Холандија – Тунис играат вечерва.

Табела група 2: Германија 8 бодови, Србија 5, Црна Гора 4, Фарски острови 3, Шпанија 2, Исланд 0.

Табела група 3: Франција 6, Холандија 4, Полска 4, Австрија 2, Аргентина 0, Тунис 0. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан