Хуманитарен концерт во Велес за помош на семејство чија куќа изгоре во пожар
- Хуманитарен концерт ќе се одржи вечер со почеток во 18 часот во спортската сала на ООУ „Блаже Коневски“ во Велес, а со цел собирање парични средства за семејството Јовевски, чиј дом под Којник пред скоро еден месец беше целосно уништен во катастрофален пожар.
Велес, 25 ноември 2025 (МИА) - Хуманитарен концерт ќе се одржи вечер со почеток во 18 часот во спортската сала на ООУ „Блаже Коневски“ во Велес, а со цел собирање парични средства за семејството Јовевски, чиј дом под Којник пред скоро еден месец беше целосно уништен во катастрофален пожар.
Тие привремено престојуваат кај роднини и пријатели, но итно им е потребно да ја обноват куќата и да се вратат дома. Концертот го организира Делчо Костов - претседател на здружението „Велешки акцијаши“ заедно со Сојузот на волонтери на „Акцијаши“.
Граѓаните може да купат билет и на самиот влез во спортската сала, цената е 100 денари.
Освен со билет, ќе може да се донира и во поставени хуманитарни кутии на самото место во салата, како и на жиро-сметката: 210501648880642 - Пандорка Јовевска, Тутунска банка.
Костов од здружението „Велешки акцијаши“ информира дека овој концерт го организираат за нивниот член - млад акцијаш Гоце, чија куќа целосно изгоре.
- Тој учествувал на бројни еколошки акции и хуманитарни активности за нашиот град и затоа сега е и наш редот и ние да му помогнеме нему и на неговото семејство. Со тоа, повторно ќе им овозможиме сигурен и топол дом, рече Костов. ад/са/
Фото: МИА архива