• среда, 14 јануари 2026

Дедо мраз на  мотор им подели пакетчиња на децата од градинките во Велес

Дедо мраз на  мотор им подели пакетчиња на децата од градинките во Велес

Велес, 25 декември 2025 (МИА) – Членови на Мото клубот „Носачи на крстот“ вчера и денеска како Дедо мраз на мотор со приколки полни со новогодишни пакетчиња  ги израдуваа децата од велешките градинки. Освен во велешките градинки тие вчера  поделија новогодишни пакетчиња и во градинките во Градско и село Караслари. Досега поделени се околу илјади новогодишни пакетчиња - донација од Општина Велес, информира за МИА, Бобан Мијајлевски од Мото клубот „Носачи на крстот“.

Во соработка со Општина Велес тие в недела, 28 декември, во 13 часот, во Младинскиот парк во Велес ќе поделат неколку илјади новогодишни пакетчиња за најмладите од Велес. 

Воедно од Општина Велес најавено е  дека  ќе има и интерсна и богата Новогодишна програма што ја организира општината во рамки на „Винтерфест 2025“, а кој започнува утре.и ќе трае до 30 декември.

Велешките мторџии од МК „Носачи на крстот“ во соработка со Општина Велес и градоначаллникот Марко Колев в понеделник ќе ги посетат децата на лекување во Детското одделение на велешката Општа болница и ќе им поделат пакетчиња. Новогодишни пакетчиња  ќе поделат и за корисниците на  Дневниот центар за лица со попречености, Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености и децата од Oсновното училиште со Ресурсен центар  „ Маца Овчарова“во Велес. Ќе делат пакетчиња со мотор низ велешките градски улици и со свои средства. ад/лв/

фото: МИА 

Остани поврзан