• среда, 15 мај 2024

Французинот Гобер четврти пат најдобар дефанзивец во НБА

Французинот Гобер четврти пат најдобар дефанзивец во НБА

 

Њујорк, 8 мај 2024 (МИА) – Францускиот центар Руди Гобер по четврти пат во кариерата е прогласен за најдобар одбранбен играч на сезоната во НБА лигата.

Кошаркарот на Минесота освои 433 гласови, а неговиот сонародник Виктор Вембањама, најдобриот дебитант во елитното натпреварување, беше втор со 245.

На третото место се пласираше Бем Адебајо од Мајами, пред Ентони Дејвис од ЛА Лејкерс и Херб Џонс од Њу Орлеанс.

Со своето четврто признание Гобер се израмни со НБА легендите Дикембе Мутомбо и Бен Валас. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан