Скоро половина милион навивачи на Дортмунд бараат билет за големото финале
- Раководството на Борусија Дортмунд добило барања од околу 400.000 навивачи за финалниот натпревар од Лигата на шампионите на „Вембли“.
Дортмунд, 15 мај 2024 (МИА) - Раководството на Борусија Дортмунд добило барања од околу 400.000 навивачи за финалниот натпревар од Лигата на шампионите на „Вембли“.
Околу 86.000 гледачи се очекува да го гледаат финалето на најголемиот стадион во Англија, а секој тим има право на 30% од капацитетот на стадионот, што значи дека ќе има околу 25.000 гледачи од секој тим, додека останатите билети ќе одат со други ВИП личности и спонзори на УЕФА и гости.
Борусија важи за најпосетуваниот тим во Германија. Неговиот стадион собира 82.000 гледачи по натпревар, а сезонските билети често се распродаваат со години однапред.
Вестфалија по трет пат во историјата ќе игра во финалето на Лигата на шампионите. Првиот пат во 1997 година, кога го освои пехарот против Јувентус со 3:1, а во 2013 година против Баерн Минхен, исто така на „Вембли“, загуби со 1:2. дс
Фото: Дортмунд