• среда, 06 ноември 2024

Кливленд ќе мора да се спасува од елиминација без својот водечки стрелец

Кливленд ќе мора да се спасува од елиминација без својот водечки стрелец

Кливленд, 15 мај 2024 (МИА) - Кливленд Кавалирс ќе остане без водечкиот стрелец Донован Мичел за петтиот натпревар од полуфиналната серија на Источната конференција на НБА со Бостон Селтикс, објави „Атлетик“.

Натпреварот во „ТД Гарден“ во Бостон е вечерва, а домаќините водат со 3-1 и им треба само еден успех во преостанатите три натпревари за да обезбедат пласман во конференциското финале.

Мичел има истегнување на мускулот на ногата што го оддалечи од натпреварот 4 од серијата, кој Селтикси го добија со 109-102 на гостински терен.

На десет натпревари од почетокот на плејофот, Донован Мичел има просек од 29,6 поени, 5,4 скока и 4,7 асистенции по натпревар. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан