• среда, 10 декември 2025

Тридневна акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Тридневна акција за собирање кабаст отпад во Куманово

Куманово, 10 декември 2025 (МИА) - Кумановското јавно претпријатие „Чистота и Зеленило“ ќе спроведе тридневна акција за собирање кабаст отпад, соопштија денеска надлежните.

Акцијата се организира со цел  унапредување на урбаната хигиена и поефикасно управување со отпадот, кво согласност со насоките на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според директорот на претпријатието, Сашо Томиќ, редовното и контролирано отстранување на овој вид отпад е клучно за спречување на неконтролирано депонирање и за зачувување на јавниот простор.
- Акцијата ќе се спроведе од 12 декември 2025 година и ќе трае три дена, петок, сабота и недела. На стратешки точки во градот ќе бидат поставени големи корпи за кабаст отпад, кај поранешен „Шипад“, населба „Гоце Делчев“, паркинг кај градскиот базен, во кругот на ТППЕ Куманово, изјави Томиќ.

Ваквите активности се дел од пошироките заложби за унапредување на системот за управување со отпад и јакнење на еколошката свест кај граѓаните.

-Апелираме до сите жители кабастиот отпад, особено стариот мебел, да го одложуваат исклучиво на наведените локации и само во предвидениот период. Само со организиран пристап и одговорно однесување можеме заеднички да придонесеме за почиста, поуредна и поздрава животна средина, истакна Томиќ.

Надлежните очекуваат голем одзив од граѓаните и потсетуваат дека ваквите акции се значајни за спречување на создавање диви депонии и подобрување на квалитетот на живот во градот. ам/свс


Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан