• петок, 21 февруари 2025

Слот: Салах ќе ја донесе најдобрата одлука за себе, се надеваме и за нас

Слот: Салах ќе ја донесе најдобрата одлука за себе, се надеваме и за нас

Ливерпул, 31 јануари 2025 (МИА) - Ливерпул во сабота му гостува на Борнмут во 24. коло од Премиер лигата, а на прес-конференцијата пред овој меч, Арне Слот уште еднаш мораше да зборува за иднината на Мохамед Салах на „Енфилд“.

Новинарите го известија Слот дека министерот за спорт на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Турки ал Фајсал, детално зборувал во интервју за тоа колку би сакал да го види Мохамед Салах во лигата на Саудиска Арабија.

-Би бил изненаден ако некој, каде било во светот, рече дека не сака да го донесе Мохамед Салах. Тој игра исклучително добро толку многу години и веројатно сите го посакуваат. Добро се снајде без мојот совет, па верувам дека може сам да одлучи што е најдобро за него, не му треба мојот совет. Но, мојот совет сигурно би бил поинаков од она за што зборувавте сега. Кога го велам тоа, мислам дека го сакаме, заедно со сите останати во светот, и дека сакаме да го продолжи договорот, тоа е јасно, изјави Слот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан