• петок, 21 февруари 2025

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

НБА: Суспензија од 25 натпревари за Портис поради позитивен допинг тест

 

Њујорк, 20 февруари 2025 (МИА) – Кошаркарот на Милвоки, Боби Портис (30) е суспендиран на 25 натпревари откако беше позитивен на забранета супстанца, објави денеска НБА лигата.

Како што е соопштено, Портис бил позитивен на забранетата супстанца Трамадол.

Неговиот претставник Марк Бартелштајн изјави дека станува збор за несреќен случај.

„Потресен сум поради Боби бидејќи направи грешка, а последиците од тоа се неверојатно значајни“, изјави Бартелштајн за американските медиуми

„Боби ненамерно зел аналгетик наречен Трамадол, мислејќи дека зема лек против болки наречен Торадол. Торадол е одобрен лек против болки што тој веќе го користел и кој тимовите и играчите повремено го користат за болка и воспаление. Трамадолот, сепак, не е одобрен лек против болки и неодамна беше додаден на листата на забранети супстанции минатото лето“, додаде тој.

Портис поради суспензијата ќе загуби 2,85 милиони долари, а на теренот ќе се врати на четири натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан