• петок, 21 февруари 2025

Приведен 50-годишен тетовец за кражба од објект во изградба

Приведен 50-годишен тетовец за кражба од објект во изградба

Скопје, 7 февруари 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Тетово вчера во 11.35 часот на улица „146“ во Тетово лишиле од слобода 50-годишен тетовец, Р.Љ., осомничен дека на 1 февруари  извршил кривично дело „тешка кражба“.

МВР информира дека од зграда во изградба, сопственост на Ф.Е.(50) од тетовското село Милетино, осомничениот одзел повеќе предмети.

-Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти Министерството за внатрешни работи. хс/са/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан