Меџити, Тошковски и Свечла на „Блаце“ да ја видат имплементацијата на системот „One Stop Shop“
- Вицепремиерот Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, денеска ќе го посетат граничниот премин „Блаце“.

Скопје, 21 февруари 2025 (МИА) - Вицепремиерот Изет Меџити, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла, денеска ќе го посетат граничниот премин „Блаце“.
Повод за посетата е имплементацијата на единствена заедничка гранична контрола на патници и стоки, системот „One Stop Shop“.
По посетата се најавени изјави за медиумите. ев/са/
ФОТО: Архива