Амбасадорот на ЕУ во посета на Струмица
- Амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Струмица. Целта на посетата, како што наведуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е на локално ниво е да се доближи Европската Унија и процесот на интеграција до граѓаните, притоа разговарајќи за придобивките од пристапувањето во ЕУ и влијанието на помошта од Унијата на дневна основа.

Струмица, 21 февруари 2025 (МИА) - Амбасадорот на ЕУ во земјава Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Струмица. Целта на посетата, како што наведуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје, е на локално ниво е да се доближи Европската Унија и процесот на интеграција до граѓаните, притоа разговарајќи за придобивките од пристапувањето во ЕУ и влијанието на помошта од Унијата на дневна основа.
Амбасадорот Рокас ќе има средби со градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, со Советот на општината и со претставници од граѓанскиот сектор.
Тој ќе ја посети пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) финансирана од ЕУ, чија изградба (вклучувајќи надзор и студии) изнесува вкупно 5,7 милиони евра.
Посетата ќе ја заврши во Јуроп Хаус Струмица каде што ќе разговара со граѓаните на сесијата „Прашај го амбасадорот“ и ќе даде одговори на директни прашања поврзани со европскиот пат на Северна Македонија.са/
Фото: МИА архива