• петок, 21 февруари 2025

По Рашфорд, Астон вила се засилува и со играч на ПСЖ

По Рашфорд, Астон вила се засилува и со играч на ПСЖ

Бирмингем, 2 февруари 2025 (МИА) - Договорено е доаѓањето на Маркус Рашфорд на позајмица од Манчестер Јунајтед, а според Фабрицио Романо, во Бирмингем пристигнува и поранешниот ас на Реал Мадрид, Марко Асенсио.

Напаѓачот на Пари Сен Жермен наскоро треба да биде претставен како ново засилување на Вила, каде што ќе биде позајмен до крајот на сезоната.

Англискиот клуб ќе ја покрие целата плата на шпанскиот фудбалер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан