• среда, 10 декември 2025

Најатрактивна мерка самовработување кај кумановци занаетчии и сервиси меѓу новоотворените бизниси

Најатрактивна мерка самовработување кај кумановци занаетчии и сервиси меѓу новоотворените бизниси

Куманово, 10 декември 2025 (МИА) - Невработените кумановци покажале голема заинтересираност за мерките за вработување, информираа на денешната прес-конференција надлежните од Центарот за вработување Куманово. И годинава најатрактивна мерка за невработените била самовработување со грант. Кумановци отвориле кафе барови, ресторани, компании за одржување, молери, гипсари, фарбари, електричари, автолакери, авто-механичари.

- Сега сме во фаза на потпишување на договори. Исплатата ќе оди во четири фази. Фирмите ќе треба да ги исплатат добавувачите. Имавме 416 апликации севкупно, 170 дооел, 92 над 29 години и 155 под 29 години. Разликата е во износот на средствата, која се доделува во вид на опрема потребна за отворање на фирмите што зависи од возраста на апликантите и дали сами или заеднички отвораат фирма од 430.500 денари, 615.000, изјави раководителот на Центарот, Ндерим Јашари.

Оние со двајца вработени во зависност од возраста на апликантите имаат можност да користат од 14, 17 и 20 илјади евра. Од 155 апликанти под 29 години, центарот потпишал 83 договори.

- Чекаме на дополнителни одговори од Агенцијата, изјави Јашари.

За финансиска поддршка имало два јавни повика, на првиот имало 81 апликација, Центарот склучил 59 договори и средствата се исплатени. Компаниите добиваат 250.000 денари грант ако вработат младо лице, доколку се одлучат за лица од ранливите категории, жртви на семејно насилство, Роми добиваат 220 илјади денари и за оние над 29 години 160.000 денари. Компаниите имаат и обврска да го задржат лицето и да не го намалат бројот на невработените. За обука кај познат работодавач имало шест пријави и со сите е склучен договор, за практикантство имало 86 апликации од кои 82 се примени, обуката веќе е завршена. За „зелени инвестиции“ која се спроведува со УНДП имало 11 апликации, со пет биле потпишани договори. За мерката за возачи за повеќе категории имало 65 апликации, за обука за побарувани занимања во Куманово годинава биле наменети за фризер.

- Провајдер е државното средно училиште „Киро Бурназ“. Го очекуваме и повикот за напредни ИТ вештини, изјави Јашари.

Активните мерки почнаа од 9 јуни, годинава кога беше објавен повикот. ам/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан