• петок, 21 февруари 2025

Милан постигна напредок во преговорите за ангажман на Феликс

Милан постигна напредок во преговорите за ангажман на Феликс

Милано, 3 февруари 2025 (МИА) - Италијанскиот фудбалски клуб Милан постигна напредок во преговорите со Челзи за позајмица на 25-годишниот играч од средниот ред Жоао Феликс.

Во преговорите на двете страни позајмицата се врзува со опција за откуп на договорот на фудбалерот, објави новинарот на L'Equipe, Лоик Танзи.

Раководството на Милан е уверено дека ќе успее да го донесе Феликс на „Сан Сиро“ пред затворањето на зимскиот преоден рок.

Во тековната сезона од Премиер лигата, Феликс одигра 12 натпревари на кои постигна еден гол и една асистенција. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан