• петок, 21 февруари 2025

Меѓународен кривичен суд: Санкциите од Трамп нема да нè спречат во остварувањето на правдата

Меѓународен кривичен суд: Санкциите од Трамп нема да нè спречат во остварувањето на правдата

Хаг, 7 февруари 2025 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска реагираше на санкциите што ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп против оваа институција, нагласувајќи дека ќе продолжи да обезбедува „правда и надеж“ во светот.

„МКС ја осудува издадената Извршна наредба на САД со која се настојува да се воведат санкции против неговите официјални лица и да се нанесе штета на неговата независна и непристрасна судска работа“, се вели во соопштението на судот.

Судот со седиште во Хаг додаде дека „цврсто стои зад својот персонал“ и дека ќе продолжи „да обезбедува правда и надеж за милиони невини жртви на злосторства низ светот“.

Трамп синоќа воведе санкции против МКС, обвинувајќи го за „нелегитимни и неосновани“ истраги насочени против САД и нивниот сојузник Израел. ссм/

фото: архива

Остани поврзан