• петок, 21 февруари 2025

Виткоф тврди дека планот на Трамп за Газа бил погрешно разбран: Се работи за подобри изгледи, а не за иселување

Виткоф тврди дека планот на Трамп за Газа бил погрешно разбран: Се работи за подобри изгледи, а не за иселување

Вашингтон, 20 февруари 2025 (МИА) – Пратеникот на САД за Блискиот Исток Стив Виткоф изјави дека планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа не е за иселување на Палестинците, тврдејќи дека неговите повторени забелешки биле погрешно претставени.

Стив Виткоф на конференцијата на Институтот ФИИ во Мајами изјави дека разговорот за иднината на Газа се пренасочува кон тоа како да се создаде подобра иднина за Палестинците, пренесе Тајмс оф Израел.

- Кога претседателот зборува за ова, тоа значи дека сака да го размрда размислувањето на сите и да размисли за тоа кое е најдоброто решение за палестинскиот народ, рече Виткоф.

- На пример, дали сакаат да живеат во дом таму, или повеќе би сакале да имаат можност да се преселат на некое подобро место, да имаат работа, просперитет и финансиска перспектива, додаде тој. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан