Гутереш: Ќе побарам од ОН да ги финансираат трошоците за меѓународните сили на Хаити
- Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека ќе се обиде ОН да го преземат финансирањето за структурните и логистичките трошоци на мултинационалните сили на Хаити кои се борат против насилните банди.

Њујорк, 20 февруари 2025 (МИА) – Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека ќе се обиде ОН да го преземат финансирањето за структурните и логистичките трошоци на мултинационалните сили на Хаити кои се борат против насилните банди.
- Доколку Советот за безбедност го прифати овој предлог, ќе имаме услови конечно да имаме ефективна сила за да ги победиме бандите на Хаити и да создадеме услови за напредок на демократијата, рече Гутереш во Барбадос, каде што лидерите на 15-члениот карипски трговски блок Кариком се собраа на тридневна конференција за регионални прашања, вклучително и насилството на бандите на Хаити.
Тој додаде дека платите за мултинационалните сили ќе се исплаќаат преку постоечки фонд. јт/