• петок, 03 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 19.07.2024 при извршен претрес во домот на пријавениот, биле пронајдени куршуми со калибар 7,65 мм.

На 24.04.2024 во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34)  пријавил дека во село Ранковце со метален предмет  бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.Н.(71) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Пријавениот, во временскиот период од 13.09.2023 до 23.02.2024 година, по претходно дадено овластување од страна на М.М., во повеќе наврати во банка, додека била надвор од Република Северна Македонија, без нејзино знаење, од нејзина сметка подигнал вкупно 67.800 денари.

На 24.04.2024 во 13.50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на локален пат за селото Бигор Доленци, од слобода го лишија Д.Ѓ.(35) од Валандово.

Тој бил агресивен кон полициските службеници кои, при извршен преглед, кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(38) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Тој, на улицата „Јабланица“ во Струга, откако ги забележал полициските службеници кои преземале службени дејствија, исфрлил најлонска опаковка со опојна дрога кокаин, која е пронајдена и одземена.  

На 24.04.2024 во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45- годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во  повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против М.Д.(32) од Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ казниво по член 396 став 1 од К.З. на Р.С.М.

На 02.06.2023 со наредба од суд бил извршен претрес во неговиот дом  и биле пронајдени и одземени воздушна пушка „гамо“ со оптички нишан „бушнел“,  5 патрони ловна муниција и 17 боеви куршуми различен калибар, а при претрес на неговото патничко возило „опел“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени и одземени 8 патрони ловна муниција кои ги поседувал без дозвола. сст/

Остани поврзан