• петок, 17 мај 2024

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Пронајдено лице пријавено за изгубено во Парк - шумата Водно

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Регионалниот Центар за управување со кризи - Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк - шумата Водно.

Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.

- Од полициската станица - Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан