• петок, 17 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 2 мај 2024 (МИА) - Во Куманово, на 30.04.2024 во 22.40 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.А.(36) и М.К.(36), двајцата од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени кокаин и пари. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојува Н.А., при што биле пронајдени и одземени марихуана, три дигитални ваги, пари и прашкаста материја. Лицате биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Денеска во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д.(45) од Куманово. Тој се сомничи дека на улицата „Фетка Наскова“ во Куманово одзел предмети од паркирано патничко моторно возило.  Н.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“  и „тешка кражба на дрзок начин“. Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84 годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 - годишна жена одзел чанта со пари и лични документи.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.М.(72) од селото Новак, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Тој, во текот на септември 2023 година во атарот на селото, бесправно оградил земјоделско земјиште во државна сопственост со површина од 198 метри квадратни кое Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, со договор за закуп, го имало издадено на користење на трето лице од селото Новак. 

Вчера (01.05.2024) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив, 41 на територија на СВР Куманово, 34 на територија на СВР Битола... За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

Во текот на вчерашниот ден (01.05.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 130 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 77 надвор од населено место.

Во текот на вчерашниот ден (01.05.2024), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 57 возачи. Од нив, 38 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол и 19 за управување возило без возачка дозвола. 

На 01.05.2024 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле санкционирани 19 прекршоци, од кои 3 надвор од населено место и 16 во населено место. Истиот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Притоа биле санкционирани 12 прекршоци. Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци. 

Вчера (01.05.2024) од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 9 возачи (ГВ) кои управувале возила под дејство на алкохол. При контролата, исто така, биле констатирани и санкционирани 41 (ТЕ-29 и ГВ-12) други видови на сообраќајни прекршоци (ТЕ). 

На 01.05.2024 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 10 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-05, Струга-02, Кичево-01, Дебар-02. Тие се веднаш исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. 

На 01.05.2024 во 22.30 часот во СВР Скопје, Д.Т.(39) од с.Булачани, скопско, пријавил дека околу 21.30 часот во селото, по претходна расправија, бил физички нападнат од Д.Т.(33). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.Д.(23) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба“. На 21.02.2024, пријавениот со употреба на сила влегол во гаража сопственост на Т.К., при што одзел повеќе предмети, а откако бил затекнат од Д.Т., физички го нападнал и побегнал.

Вчера во 23.40 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 17.30 часот во установата, осуденикот П.П.(38) од Тетово бил нападнат со остар предмет од осуденикот Е.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Денеска во 00.10 часот, Г.Ј.(42) од Кичево во полициска станица пријавил дека на улицата „4 Јули“ во Кичево, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.Ј.(21) од Штип, М.Е.(25) од Струмица и С.Р.(23) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 19.04.2024, пријавените со тврди предмети физички го нападнале К.М., при што му одзеле чанта, мобилен телефон и пари. 

Вчера во 23.30 часот во СВР Скопје, А.А.(44) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот во угостителски објект во с.Долна Матка, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.С. и О.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.05.2024 во 20.40 часот во СВР Скопје, М.Ј.(22) од с.Сарај, скопско, пријавил дека околу 20.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Г.М.(18) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 19.20 час во СВР Велес, Н.М.(51) од Велес пријавила дека на езерото Младост во Велес била касната од куче, сопственост на И.К. од Велес. 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против В.Б.(41) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторени 10 кривични дела „тешка кражба“, од кои две во обид. Во периодот од 08.03.2024 до 11.03.2024, пријавениот извршил осум кражби во повеќе објекти, при што се стекнал со противправна имотна корист од 22.320 денари и две кражби во обид од тезга и берберница. 

На 30.04.2024 во 17.32 часот во СВР Скопје, Ц.М.(53) пријавила дека на подрачјето на Бит Пазар, поради претходно меѓусебно нетрпение, била физички нападната од И.П., двете од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 18.10 часот во СВР Скопје, Б.А.(22) од с.Мралино, општина Илинден, пријавил дека околу 12.50 часот во с.Катланово, по претходна расправија, тој и неговиот пријател Ф.М.(19) од с.Идризово, скопско, биле физички нападнати од Џ.С., Б.С. и синот на Б.С., кои употребиле и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.05.2024 во 12.20 часот во ОВР Гостивар, Д.М.(55) од Гостивар пријавил дека во Гостивар бил каснат од куче скитник.                                                                                         

Вчера во 14.10 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена пријавила дека на 28.04.2024 околу 13.00 часот во нејзиниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер М.Ѓ.(54) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.Ш. (61) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 15.04.2024, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал својата сопруга Т.Ш. и притоа ѝ нанел повреда.

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица Аеродром, К.Б.(34) од Скопје пријавил дека на 24/25.04.2024 околу 01.30 часот, А.„Н“ со употреба на сила го извадил од неговиот дом и го внел во патничко возило кое го управувал К.„Н“, со уште едно лице совозач. Како што е пријавено, во возилото А.„Н“ му нанел неколку убодни рани со остар предмет и го однеле кај Транспортен центар во Скопје, каде што повторно му нанел повреда со остар предмет, по што физички го нападнале и го оставиле. Исто така, според пријавеното, тој не бил на преглед и не пријавил во полициска станица затоа што лицата му се заканиле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 01.05.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на стакло од штаб на политичка партија на подрачјето на Центар бил испишан графит. Се работи на расчистување на случајот.  

Вчера во 22.40 часот во ОВР Гостивар, С.Б.(54) од Гостивар пријавил дека на улица ,,101“ во Гостивар бил каснат од куче скитник. 

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Д.(53) и П.Д.(54), двајцата од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 22.02.2024, по претходна расправија околу сообраќајот, пријавените физички нападнале полициски службеник. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан