• недела, 05 мај 2024

Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“

Концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“ на последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“

Скопје, 27 април 2024 (МИА) – Последната фестивалска вечер од „Крај Вардарот Џез“, во Едукативниот културен центар „Лабораториум“ ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот со концерти на „Macedonian Free Society“ и „Поетроника“.

„Macedonian Free Society“ е составен од Филип Букршлиев, Дени Омерагиќ и Нинослав Спировски, Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Гоце Наумов, Глигор Кондовски и Благојче Томевски. Месецов за ПМГ Џез, како 46 издание, излезе и нивниот прв албум.

„Поетроника“ е поетско-музички перформанс во симбиоза со авторска електронска музика, изведена во живо во од актерот Оливер Митковски и Андреја Ристески – Салпе, автор и продуцент, еден од водечките современи македонски електронски артисти.

Крај Вардарот Џез Фестивал 2024 е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија и се реализира во соработка со Македонска филхармонија и едукативниот културен центар „Лабораториум“. ар/ев/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан