• вторник, 23 април 2024

Китански: Во тек изградба на патишта во селските средини

Китански: Во тек изградба на патишта во селските средини

Пехчево, 29 март 2024 (МИА) - Почна изградбата на крак од улица број 1 во село Чифлик, Општина Пехчево. Со реализација на овој проект, како што истакна градоначалникот на Пехчево Александар Китански, значително ќе се подобри пристапноста на жителите до своите домови.

- Во тек е изградба на локални патишта во селските средини, конкретно во село Чифлик.  Изградбата на крак од оваа улица, исто така така брз и безбеден транспорт на материјални ресурси, подобрување на квалитетот на живот и поттикнување на економските активности во селото, истакна Китански.

За реализација на овие активности, како што додаде, се обезбедени 1,3 милиони денари.

-Улицата број 1 со крак 1 е во должина од 369 метри, односно улицата број 1 е во должина од 231 метри, а должината на кракот 1 изнесува 138 метри. Финансиските средства за реализација на овој проект се обезбедени дел од страна на Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој  и дел од страна на Буџетот на Општина Пехчево, додаде Китански.

Очекува работите да завршат до крајот на март. вс/мд/

Остани поврзан