• недела, 22 декември 2024

Викторија Димитрова Јованова, дописничка на МИА, ја доби наградата за најдобра сторија за факти и дезинформации за човековата околина на СЕММ

Викторија Димитрова Јованова, дописничка на МИА, ја доби наградата за најдобра сторија за факти и дезинформации за човековата околина на СЕММ

Скопје, 23 април 2024 (МИА) – Новинарката Викторија Димитрова Јованова, дописничка на Медиумската информативна агенција (МИА) од Штип, ја освои наградата за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“, за сторијата „Штипските пожарникари имаат над 70 интервенции по завршување на жетвата“.

Наградата ја доделува Советот за етика во медиумите на Македонија, како активност во проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка на новинарството како општо добро“ поддржан од УНЕСКО и Европската Унија.

Сторијата на Јованова се однесува на зачестените интервенции на штипските пожарникари кои се потенцијален ризик од распламтување на големи пожари, а се иницирани од палењето на стрништа.

- Чест ми е што ја добивам оваа награда од еснафот и научната фела. Темата, како што можевте да видите е за стрништата. Меѓутоа поттик и инспирација ми беа штипските пожарникари кои на 40 степени излегуваа летото да интервенираат, додека во меѓувреме се палеа стрништа, рече Јованова на денешното доделување на наградите.

null

Покрај Јованова, денеска пофалница од СЕММ доби и дописничката на МИА од Кавадарци, Светлана Дарудова, за сторијата „Милионска загуба, отпадот од лозје загадува наместо да се користи за енергија“. ар/нд/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан