Индипендент: Финалето на Лигата на шампионите во 2033 година може да се одржи во САД
- Финалето на фудбалската Лига на шампиони во 2033 година би можело да се одржи во Соединетите Американски Држави, пишува „The Independent“.

Лондон, 12 февруари 2025 (МИА) - Финалето на фудбалската Лига на шампиони во 2033 година би можело да се одржи во Соединетите Американски Држави, пишува „The Independent“.
Според британскиот медиум, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) започнала преговори со американската агенција „Relevent Sport“ за продажба на правата за одржување на натпреварите на турнирот во Америка, вклучувајќи го и финалето.
Забележано е дека страните се блиску до склучување договор.
Доколку преговорите бидат успешни, тоа ќе биде прв пат во историјата на Лигата на шампионите, финалето на турнирот да се одржи надвор од Европа.
Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) претходно соопшти дека ќе размисли за измена на својата политика, со која се забранува одржување на натпреварите од националните првенства во други земји. зс/
Фото: ЕПА