• недела, 11 јануари 2026

Изложба на фудбалски дресови на успешни тиквешки и македонски таленти во понеделник во Кавадарци 

Изложба на фудбалски дресови на успешни тиквешки и македонски таленти во понеделник во Кавадарци 

Кавадарци, 8 јануари 2026 (МИА) - Изложба на фудбалски дресови на успешни тиквешки и македонски таленти, ќе биде отворена во понеделник во Кавадарци, информираа попладнево од Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе“ Кавадарци. 

- Изложените дресови се дел од колекцијата на Николчо Делов, посветена на спортските успеси, пријателствата и човечките приказни што произлегуваат од Тиквешијата и пошироко и го освојуваат светот.

На изложбата ќе бидат претставени 50 автентични спортски дресови од фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и пингпонг – дресови, што ја надминуваат својата улога на спортска опрема и стануваат носител на приказна за личен и колективен успех, симбол на упорност, талент и дисциплина, успех и припадност кон заедницата од која потекнуваат, соопштија од Домот на културата. 

Притоа истакнаа дека настанот е посветен на Андреј Лазаров, фудбалер кој трагично загина во несреќата во Кочани. 

- Тој остави длабок белег во поновата спортска историја на градот Кавадарци, споделија од Културниот дом. свд/ац/

Фото: плакат за настан, Фејсбук на Дом на култура

Остани поврзан