Градоначалникот на Кочани се сретна со со претседателот на Комисијата на АЕК, се разговараше за унапредување на дигиталната трансформација во локалната администрација
- Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов попладнево оствари работна средба со претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Орце Симов. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на дигиталната трансформација во локалната самоуправа, зајакнување на сајбер-безбедноста, како и за реализирани и потенцијални донации во Кочани, се вели во соопштението на локалната самоуправа.
Кочани, 13 јануари 2026 (МИА) = Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов попладнево оствари работна средба со претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Орце Симов. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на дигиталната трансформација во локалната самоуправа, зајакнување на сајбер-безбедноста, како и за реализирани и потенцијални донации во Кочани, се вели во соопштението на локалната самоуправа.
Во разговорот, посебен акцент бил ставен на дигитализацијата на административните процеси, подобрување на електронските услуги за граѓаните и зголемување на безбедноста на информациските системи, со цел поефикасна, потранспарентна и посигурна локална самоуправа.
Градоначалникот Грозданов ја истакна важноста од соработката со Агенцијата за електронски комуникации како клучен партнер во процесите на дигитален развој. Соговорниците се согласија дека континуираната институционална соработка е клучна за успешно справување со предизвиците во областа на дигитализацијата и сајбер-безбедноста на локално ниво, се наведува во соопштението.ис/
Фото: Општина Кочани