• среда, 10 декември 2025

Вработените во „ТАВ МАкедонија“ садеа дрвца во центарот на Охрид

Вработените во „ТАВ МАкедонија“ садеа дрвца во центарот на Охрид

Охрид, 12 декември 2025 (МИА) – Вработените во охридскиот аеродром со кој стопанисува компанијата „ТАВ Македонија“ денеска во рамки на зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ во Охрид заедно со Генералниот директор, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков засадија 20 црвени сливи во центарот на градот.

Како што посочиуваат од „ТАВ Македонија“, зелените акции за садење дрвја претставуваат траен и одговорен придонес кон создавање поздрава и поодржлива средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми - Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

„Горд сум што втора година по ред ја спроведуваме нашата зелена иницијатива 'Садиме денес за одржливо утре'. Минатата година засадивме чинари покрај брегот на Охридското Езеро, а денеска засадивме декоративни сливи кои ќе го разубавуваат центарот на градот. Нашата стратешка цел кон одржливост се совпаѓа со активностите на Општина Охрид за заштита на животната средина. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени кои волонтираа и ни се придружија, како и на градоначалникот на Охрид и вработените во Општината, со кои заеднички го дадовме нашиот придонес со секое засадено дрво. Ја делиме истата грижа за иднината. Со оваа акција, покажуваме дека малите чекори водат до големи промени - кон позелени заедници, почист воздух и подобар живот за сите, изјави директорот на „ТАВ Македонија, Курт.

Преку реализираните зелени иницијативи во Скопје и Охрид, кои се спроведуваат втора година по ред, „ТАВ Македониј“а уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон заедниците и животната средина, акција која станува традиција и преку која ќе продолжи да ја поддржува грижата за природата и проектите што создаваат трајни, позитивни промени во општеството. аб/

фото/ТАВ Македонија

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан