• сабота, 04 мај 2024

Во тек асфалтирање на улица во беровско Ратево

Во тек асфалтирање на улица во беровско Ратево

Берово, 25 април 2024 (МИА) - Во беровското село Ратево во тек е најавеното асфалтирање на улица „Илинденска“.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски информираше дека се работи за проект кој се реализира со средства од Министерството за транспорт и врски во вредност од 8,5 милиони денари.

-На мое големо задоволство, денеска, се асфалтира  улица „Илинденска", во с. Ратево, проект финансиран со  средства од Владата на РСМ, преку Министерството за транспорт и врски. Жителите на с. Ратево, добиваат соодветен пристап до своите имоти, подобар квалитет на живот и полесен пристап до црквата, истакна Пекевски. 

Потенцира дека градежните работи за асфалтирање на оваа улица е во должина од 940 метри.

-Реконструкцијата на ова улица,  е од големо значење за жителите од с. Ратево, затоа што е главна и воедно најфреквентна улица во селото. Улицата е со широчина од 3 метри, со предвидени места за разминување. Проектот опфаќа и реконструкција на селскиот мегдан, со соодветно сообраќајно решение, со одводнување,  со прифатна решетка и обнова на цевасти пропусти, додаде беровскиот градоначалник.вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан