• среда, 10 декември 2025

Во Општина Центар се одржа втората работилница посветена на предизвиците на пензионерите

Во Општина Центар се одржа втората работилница посветена на предизвиците на пензионерите

Скопје, 10 декември 2025 (МИА) - Во Општина Центар се одржа втората работилница посветена на предизвиците на лицата од третото доба, организирана од Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, во просториите на урбаната заедница „Мирче Мацан“.

Како што информират од општината на работилницата на тема „Уметност на благосостојбата: Наоѓање рамнотежа и сила во секојдневието“ беше прикажан краткиот филм „Шарац“, по што пензионерите имаа можност да поставуваат прашања и да добијат експертски совети од професор д-р Софија Георгиевска од Институтот за социјална работа и социјална политика.

-Ваквите работилници се пример за вистинска подршка и помош за социјализација на поврозрасните жители, смета градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски  Според него, третото доба носи тежок товар, особено за оние кои некогаш имале богат социјален живот и затоа ваквите обуки и дружења се потребни, особено  кога на нив учествуваат и стручни  лица. На работилницата во фокус беше  активното живеење, здравата исхрана, социјалната поврзаност и грижата за менталното здравје на повозрасните центарци. На крајот, секој од учесниците даде свој предлог за „мала храбра промена“ што може да ја направи  во текот на оваа недела, нешто мало, но значајно за личната благосостојба. Општина Центар продолжува со активности кои ја поддржуваат достоинствена старост на своите повозрасни жители, се наведува во сопштението. свс/дма/

 

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан