Валенсија домаќин на Барселона, Реал Мадрид се среќава со Леганес во четвртфиналето на Кралскиот куп
- Реал Мадрид ќе игра со локалниот ривал Леганес, а Барселона ќе патува во Валенсија во четвртфиналето на Кралскиот куп, покажа денешната ждрепка.

Мадрид, 20 јануари 2025 (МИА) - Реал Мадрид ќе игра со локалниот ривал Леганес, а Барселона ќе патува во Валенсија во четвртфиналето на Кралскиот куп, покажа денешната ждрепка.
Атлетико Мадрид ќе му гостува на Хетафе во уште една пресметка од шпанската престолнина, додека ќе има и баскиска пресметка помеѓу Реал Сосиедад и Осасуна.
Натпреварите ќе се играат меѓу 4 и 6 февруари.
Оваа ждрепка ја остави отворена можноста Реал Мадрид и Барселона да се сретнат во финалето - нешто што не се случило повеќе од 10 години. Двата гиганти 18 пати се сретнале во финалето на Купот, а предноста ја има мадридската екипа со 11 победи. Последното финале помеѓу Реал и Барселона го доби Кралскиот клуб со 2-1 во Валенсија во 2014 година.
Сепак, Барселона има очигледна предност оваа сезона, бидејќи екипите се сретнаа двапати, а Каталонците победија со 4-0 на гости во шампионатот и 5-2 во финалето на Суперкупот во Саудиска Арабија пред една недела.
Сепак, Реал Мадрид е лидер во поредокот во Ла Лига со 46 бодови, два повеќе од Атлетико Мадрид и седум повеќе од Барселона. дс
Фото: Архива