Без вода улиците „Сава Михајлов“, „Радован Ковачевиќ“,„Томас Минцер“,„Тодор Чопов“,„Константин Петковиќ“ и „Финска“
- одоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопј, ќе биде прекинато од 13:20 часот до завршување на работните активности.

Скопје, 16 август 2025 (МИА) - Поради дефект на водоводна цевка Ф80мм. на улица „Сава Михајлов“ крак 2 кај дивоградбите, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Сава Михајлов“, „Радован Ковачевиќ“,„Томас Минцер“,„Тодор Чопов“,„Константин Петковиќ“ и „Финска“.
Водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе биде прекинато од 13:20 часот до завршување на работните активности. дма/
Фото: МИА архива