• петок, 05 декември 2025

Касами: Тетово ќе биде пример за соживот и меѓуетничка хармонија

Касами: Тетово ќе биде пример за соживот и меѓуетничка хармонија

Тетово, 18 септември 2025 (МИА) - Во Општина Тетово денеска се одржа седница на Општинскиот совет за превенција, на која беа избрани членовите на Локалниот совет за превенција, информираше Канцеларија за комуникации и односи со јавноста.

На овој состанок присуствувале претставници од државните институции, верските заедници и други релевантни организации.

Градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Касами, во своето обраќање потенцирал дека овој совет е клучен за превенција на појави кои ја загрозуваат општествената кохезија.

 -Како град и како мултиетничка и мултиконфесионална држава, имаме обврска да испраќаме обединувачки пораки и да ја зајакнеме културата на соживот. Само на тој начин ќе обезбедиме стабилност и посигурна иднина за нашите граѓани, истакнал Касами.

Според Касами, Општина Тетово е во тесна соработка со полицијата, обвинителството, социјалните центри, училиштата и верските лидери со цел - конкретни чекори за граѓаните да живеат во мир, хармонија и заемна почит.

-Нашиот заеднички ангажман е гаранција дека граѓаните на Тетово ќе се чувствуваат заштитени, почитувани и еднакви, без разлика на нивната етничка или верска припадност. Само преку соработка можеме да изградиме поправедно и посилно општество, нагласил градоначалникот Касами. ас/мд/

фото: Општина Тетово 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан