Во Гостивар започна реконструкција и изградба на шест спортски терени
- Гостиварската локалната самоуправа започна со уредување и градење шест спортски терени, од кои четири се спортски терени, еден мал парк со парк со спортско игралиште и спортско игралиште, информираат од општина Гостивар. Овие објекти се наоѓаат во различни населби и се наменети да го приближат спортот до младите.
Гостивар, 18 септември 2025 (МИА) – Гостиварската локалната самоуправа започна со уредување и градење шест спортски терени, од кои четири се спортски терени, еден мал парк со парк со спортско игралиште и спортско игралиште, информираат од општина Гостивар. Овие објекти се наоѓаат во различни населби и се наменети да го приближат спортот до младите.
Во соопштението од службата за информирање се наведува дека три терени ќе бидат реновирани и опремени со модерна опрема и тартан подлога, а три ќе се градат од почеток според високи современи стандарди за безбедност, квалитет и функционалност.
- Оваа инвестиција е дел од визијата на општина Гостивар за изградба на комплетна мрежа на спортска инфраструктура, каде што секоја населба и секое населено место ќе има свое спортско игралиште, стои во соопштението.
Работите кои започнаа се изведуваат на локации во средното медицинско училиште, средното техничко училиште, во близина на автобуската станица, во населбата Малеарди, кај летниот амфитеатар и кејот на Вардар.
Првиот човек на општината, Ваљбон Лимани смета дека овие проекти ќе придонесат за подобро здравје и развој на младите.
- Нашата цел е јасна: да создадеме простори каде што нашите млади луѓе можат да поминуваат квалитетно време, да спортуваат и да растат здрави. Овие инвестиции се вложување за иднината на нашите генерации, нагласува градоначалникот Лимани.згм/
Фото: Општина Гостивар